Икарди во Реал

Икарди во Реал


Италијанскиот калчолигаш Интер до крајот на јануарскиот преоден рок би можел да остане без најдобриот голгетер, Мауро Икарди.

Вестите за трансферот на Икарди стигнуваат по неговата „мистериозна“ објава на Инстаграм.

Аргентинецот на својот профил постави слика на која се напишани зборовите:

„Да се порасне, значи и да се биде во состојба да се каже збогум. Чао, чао.“

Новинарот тврди дека најдобриот играч на „Нераѕурите“ тргнал кон Мадрид за да го заврши трансферот, но Реал ќе мора да го забрза процесот и „кралевите“ пред крајот на преодниот рок би можеле да осигураат така големо засилување.

Наводно „кралскиот клуб“ е подготвен во замена за Икарди во Милано да го испрати Матео Ковачиќ и 106 милиони евра.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно