Ибра откако јунајтед испадна одлучи да ги напушти

Ибра откако јунајтед испадна одлучи да ги напушти


Златан Ибрахимовиќ и Манчестер Јунајтед ја раскинаа соработката минатата недела. По речиси две сезони 36-годишниот напаѓач одлучи да си замине и набрзо стана член на МЛС тимот ЛА Галакси.

Добар дел од времето на „Олд Трафорд“ Ибрахимовиќ мина ван теренот поради повреда на коленото. Се обиде да се врати со цел со Јунајтед да дојде што подалеку во Лигата на шампионите, но тие планови ги расипа шпанска Севиља, која „Црвените ѓаволи“ ги исфрли од натпреварувањето.

Токму испаѓањето од Лигата на шампионите е главната причина што Ибра одлучи да си замине од клубот. Тоа го потврди и докторот Фреди Фу Хо Куенг, кој се грижел за шведскиот напаѓач по операцијата на коленото.

„Ибрахимовиќ и Мурињо имаа одлична соработка. Го сакаше Манчестер Јунајтед, таму пред повредата го сметаа за херој. Сакаше да се врати посилен и да освои уште трофеи, особено Лигата на шампионите“, истакна докторот Хо Куенг, и додаде:

„Испаѓањето од Севиља пресуди за одлуката, убеден сум во тоа. Многу го сакаше трофејот во Лигата на шампионите, но за жал веројатно и да останеше тука, Јунајтед немаше да дојде до трофејот бидејќи конкуренцијата е преголема“, истакна докторот.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно