И од Барселона пристигнуваат честитки до Роналдо

И од Барселона пристигнуваат честитки до Роналдо


Мајсторијата на Кристиано Роналдо против Јувентус во Торино никого не остави рамнодушен.

Роналдо поради фантастичните „ножички“ доби аплауз од фановите на Јувентус, а потоа и честитки од целата фудбалска јавност.

Роналдо толку добро одигра во Торино, што доби и честитки од редовите на лутиот ривал Барселона, поточно од Иван Ракитиќ.

„Секоја чест за Роналдо. Оној гол беше нешто неверојатно и феноменално. Останав без зборови“, изјави играчот за врска на Барселона.

И неговата Барселона е на чекор до полуфиналето после победата над Рома, па можно е да гледаме нивни дуел во Лигата на шампиони оваа сезона.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно