И Мицковски бил во Собранието на 27-ми април

И Мицковски бил во Собранието на 27-ми април


Пред вратите на Собранието на 27 април бил и Христијан Мицковски, актуелен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, изјави денеска Михаела Иванова од СДММ.

Taa вели дека на фотографиите јасно се гледа дека Мицкоски ја минал заштитната ограда и се наоѓа непосредно пред влезната врата на Собранието. 

„Мицкоски бил во толпата на денот кога беа нападнати пратеници, новинари и вработени, кога беа загрозени нивните животи и уставниот поредок на Република Македонија“ - додава Иванова. 

Прашуваат која била улогата на Мицкоски за време на крвавиот четврток и дали Мицкоски координирал некои од лицата кои влегоа во Собранието?

„Дали е ова новата визија или стариот начин на дејствување на ВМРО-ДПМНЕ? Мицкоски е должен да одговори на овие прашања пред јавноста“- вели Иванова. 

Таа рече дека граѓаните мора да ја дознаат неговата улога во најтрагичниот настан во поновата историјата на демократијата во Македонија. 

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно