И Филип Петровски станува дел од фракцијата во ВМРО Д!ПМНЕ!

И Филип Петровски станува дел од фракцијата во ВМРО Д!ПМНЕ!


Поранешниот директор на Државен архив, Филип Петровски, се приклучува на Демократската Фракција на ВМРО-ДПМНЕ. Денеска првата фракција во оваа партија ќе излезе на прес конференција.

Од таму велат дека ќе објават окрупнување на фронтот за спас на партијата и дека ќе ги соопштат ставовите за актуелните партиски случувања.

-Се договоривме да делуваме заедно. Сите се добредојдени во Фракцијата. Битно е да се демократизира ВМРО-ДОМНЕ, да се направи реформа на статутот, да се цени мислењето на членовите, да им се даде право на членовите во избирањето на партиските органи. Јас сум прв реформатор во ВМРО-ДПМНЕ, од 2006 до 2012 бев опозиција и барав цело време да се демократизира. Невозможно беше е од внатре во тоа време, ќе видиме дали е сега. Се уште владее режим внатре и железен статут железен кој не ги ферма членовите. Мислам дека треба да поттикнеме што повеќе членови вака да размислуваат, да не дозволиме повеќе фароини и престонаследници – вели Петровски за „Фокус“.

Петровски се размина со официјалните гледишта во партијата кога за нов лидер беше избран, Христина Мицкоски. Тој имаше амбиција да се кандидира за претседател на партијата, но конгресот во декември минатата година го нарече нелегитимен затоа што Мицкоски бил фаворизиран од раководните структури во ВМРО-ДПМНЕ. Пред извесно време тој изјави дека размислува да создаде нова фракција во партијата.

Во Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ се обединети ФРОДЕМ и Иницијативата за реформи, пишуваат колегите од ФОКУС


Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно