Хрватската протестна нота кон Србија, е исто како Германците да протестираат кај Евреите

Хрватската протестна нота кон Србија, е исто како Германците да протестираат кај Евреите


„Би сакал да го видам текстот, но тоа би било исто како кога Германија би им пишувала на Евреите за одбележувањето на Денот на Холокаустот“, оцени Вучиќ

Српскиот претседател Александар Вучиќ оцени денес дека протестната нота што Хрватска ѝ ја упати на Србија поради изјавата на министерот Ивица Дачиќ во седиштето на ОН на отворањето на изложбата „Јасеновац - право на незаборав“ е еднаква на онаа што Германија би им ја упатила на Евреите за обележувањето на Денот на Холокаустот. „Би сакал да го видам текстот, но тоа би било исто како кога Германија би им пишувала на Евреите за одбележувањето на Денот на Холокаустот“, оцени Вучиќ во телефонската изјава од Истанбул за белградската Пинк ТВ.

Српскиот претседател рече дека „можеби може да разбере дека Србија и Хрватска не можат да се усогласат околу настаните од пред 27 години“, но не може да разбере како не е можно да постигнат согласност околу она што се случувало пред 72, 73 години - за време на Втората светска војна.

Според неговите зборови, во ред е да се прости, но не и да се заборават злосторствата, бидејќи тоа е начинот тие никогаш да не им се случат на другите народи.

Вучиќ додаде дека не е можно некој да го натера српскиот народ да заборави на страдањата во Лика, Кордун односно Независна Држава Хрватска.

Хрватското Министерство за надворешни и европски работи упати нота до амбасадата на Србија во Загреб, во која изразува длабоко незадоволство од изјавата на првиот потпретседател на Владата и министер за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ изречени во седиштето на ОН во четвртокот на отворањето на изложбата „Јасеновац - право на незаборав“.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно