Хрватска поради рибарите испрати протестна нота

Хрватска поради рибарите испрати протестна нота


Хрватска испрати дипломатска нота до Словенија за казните кои им ги испрати на хрватските рибари за риболов во спорниот дел Пирански залив и објави дека ќе одговори со иста мерка.

Словенечката полиција објави дека ги испратила првите 14 казни за хрватските рибари од Савудрија и Умаг, а следната недела ќе продолжи да го спроведува законот на сличен начин.

Рибарите беа осудени „за незаконско поминување на словенечката граница", објави полицијата на својата веб-страница и предупреди дека влезот во Словенија би можел да биде забранет за оние кои нема да  ја платат паричната казна.

Хрвтското Министерството за надворешни и европски прашања испрати дипломатска нота до словенечката амбасада во Загреб, тврдејќи дека рибарите биле „во хрватските подрачја на море".

- Поради овие еднострани обиди за компромитирање и за Хрватска  неприфатливата арбитражна одлука од страна на словенечките власти, со цел да ја заштити нејзината територија, ќе биде принудена да одговори на истиот начин, се вели во соопштението.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно