Хрватска купува половни авиони од Израел

Хрватска купува половни авиони од Израел


Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ наводно се договорил со својот израелски колега Бенјамин Нетанјаху за купување половни израелски авиони Ф-16 кои ќе ги заменат советските музејски МиГ-21

Израел е една од земјите кои учестваат на тендерот што го распиша Хрватска, на кој покрај неа учествуваат и Грчка, Шведска и САД.

„Премиерот на Израел се сретна со Пленковиќ во Давос и се договорија да ја „туркаат“ продажбата на израелските авиони на Хрватска според условите на тендерот“.

Се додава и дека ова е уште еден од доказите за силните односи меѓу Израел и Хрватска. Вкупната вредност на договорот, доколку биде реализиран, ќе изнесува 500 милиони долари.

Според претходните пишувања на хрватските медиуми, на Хрватска ѝ се потребни 12 авиони – 10 едноседи и два двоседи.

На меѓународниот тендер на хрватското министерство за одбрана пристигнале четири понуди. САД нудат нови Ф-16, Израел и Грција половни Ф-16Ц, а Шведска нови „грипени“. Некои од борбените авиони што ги нуди Израел се стари и по 36 години, и минатата година престанале да се користат во израелската војска, а Џерусалим пост јавува дека Израел ја подобрил својата првична понуда откако станало јасно дека има „цврста конкуренција“ во шведските авиони.

Израелските половни авиони би требало да ѝ бидат испорачани на Хрватска до крајот на 2020 година.

Тајмс оф Израел, пак, пишува дека „Израел се согласил да ѝ ги продаде своите стари авиони на Хрватска“ но дека тој договор мора да го одобри Вашингтон, бидејќи авионите Ф-16 се од американско производство.

Имајќи предвид дека во Хрватска сѐ уште не е објавена конечна и официјална одлука за тоа кои авиони ќе се купуваат, интересно е како Пленковиќ ќе го коментира соопштението од кабинетот на Нетанјаху на кое се повикуваат израелските медиуми.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно