Хрватска ја обвини Србија дека го злоупотребува Јасеновац

Хрватска ја обвини Србија дека го злоупотребува Јасеновац


Хрватска ја обвини Србија дека со изложбата за Јасеновац во седиштето на Обединетите нации „манипулира и пласира лажни податоци“, а страдањата на жртвите во усташкиот логор од Втората светска војна ги користи во „пропагандни цели“

Министерството за надворешни и европски работи го осудува обидот просторот на ОН со поставувањето на српската изложба за логорот Јасеновац а се искористи за манипулации и пласирање лажни податоци“, соопшти хрватското министерство.

Во соопштението не се наведува кои делови од изложбата се спорни, но се додава дека предупредуваат на обидот за пласирање лажни податоци, по што организаторите биле присилени од поставката да ги тргнат „најгрубите фалсификати“. Од изложбата се оградија Обединетите нации соопштувајќи дека содржината е исклучиво во надлежност на организаторот и дека нејзиното одржување во просториите на ОН не имплицира дека ОН ја прифаќа.

„Изразуваме длабока почит кон сите жртви на усташкиот режим од Втората светска војна и најсилно ги осудуваме сите негови злосторства, особено злосторствата извршени во логорот Јасеновац. Истовремено, и токму од пиетет кон овие жртви, го сметаме за целосно неприфатливо користењето на страдањата во јасеновац во дневнополитички, пропагандни цели“, се вели во соопштението на хрватската влада.

Хрватското министерство оцени дека организирањето изложби на таков начин „не придонесува кон помирувањето, изградбата на довербата и развивањето добрососедска соработка во Југоисточна Европа“ и укажа дека за изложбата не биле информирани ни експертите ни институциите во Хрватска.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно