Хрватите станаа комарџии

Хрватите станаа комарџии


Фирмите што се занимаваат со коцкање и обложување во Хрватска, во 2016 година оствариле приходи во износ 2,7 милијарди куни, што претставуваат најдобри резултати во последните 16 години. Со над 500 милиони куни приход учествува хрватската лотарија, п

Според податоците на Регистарот за годишни финансиски извештаи, најмал број правни и физички лица во оваа дејност, како и обврзници за плаќање на данок од добивка, имало во 2016 година (68), а најмногу во 2008 година (99). Најмногу вработени во дејноста организирање игри на среќа имало во 2008 година односно 7.664, што е четири пати повеќе во споредба со бројот на вработените во 2001 година кога имало 1.941 вработен. Најголемиот приход бил остварен во 2016 година со 2,7 милијарди куни што е за триста отсто повеќе од најмалиот износ остварен приход во 2001 година, се вели во соопштението на Фина. 

Најниска просечна месечна нето-плата била пресметана во 2001 година, кога изнесувале 3.096 куни. Највисоката плата била реализирана во 2016 година со износ од 4.640 куни. Оваа е за 9,7 отсто пониска во споредба со просечната плата на вработените на ниво на Република Хрватска, која изнесува 5.140 куни (едно евро се разменува за околу 7,20 куни). 

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно