Храната во Србија трипати поската од ЕУ

Храната во Србија трипати поската од  ЕУ


Ако се земат в предвид просечните плати, храната во Србија е три пати поскапа од онаа во Европската Унија. 

34,5 проценти од приходите Србите трошат за храна и пијалоци, а во ЕУ за таа намена се одвојуваат 12,2 проценти, пишува српски Данас

Жителите на ЕУ најмногу пари, четвртина трошат за стан, сметки, а во Србија за ова се одвојуваат 17.1 процент од примањата. 

Лани секое домаќинство во Србија во просек трошело по  62.275 динари, покажуваат статистичките податоци. 

Србите за транспорт трошат 8.9 проценти од парите, а во ЕУ се одвојуваат 12.9 проценти за превоз. 

Европјаните најмалку трошат на комуникации 2.5 проценти од средствата, и за образование 1.2 проценти. 

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно