Хорор во Германија: Мајка и син растргнати од куче во нивниот сопствен дом

Хорор во Германија: Мајка и син растргнати од куче во нивниот сопствен дом


Германската полиција соопшти дека се сомнева дека мајката и синот во градот Хановер ги убило куче од видот стафорд териер.

Полицијата добила повик откако роднина преку прозорецот видел безживотно тело во станот во кој живееле жртвите. Како што соопшти полицијата, стафордот на самото место морале да го заловат пожарникарите, а потоа се пронајдени безживотните тела на мајката (52) и синот (27). 

Форензичките експерти соопштија дека, врз основа на повредите кои ги утврдиле, мајката и синот најверојатно ги убило кучето.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно