Холивуд заработува со религиозни филмови

Холивуд заработува со религиозни филмови


Филмовите засновани на религиите, можете спокојно да ги сместите во жанровите кои носат заработка на благајните, смета филмскиот критичар Пол Дергарабедијан.

Филмови со верска тематика се снимаат повеќе од кога било во историјата. Од главно уметнички филмови, какви што беа квалификувани во минатиот век, па и на почетокот на овој милениум, тие прераснаа во мултимилионски бизнис, сметаат познавачите.

– Филмовите засновани на религиите, можете спокојно да ги сместите во жанровите кои носат заработка на благајните, смета филмскиот критичар Пол Дергарабедијан.

Сепак, тој истакнува дека има еден важен предуслов.

– Тие (филмови) мора да бидат автентични. Во спротивно, верниците ќе знаат дека тоа е вештачки направено – додава критичарот.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно