Холандски министер поднесе оставка поради лажна изјава

Холандски министер поднесе оставка поради лажна изјава


Холандскиот министер за надворешни работи Халбе Зијлстра поднесе оставка еден ден откако призна дека во 2016 година лажел дека лично го слушнал рускиот претседател Владимир Путин како зборувал за „голема Русија“ во 2006 година.

Зијлстра претходно тврдеше дека лично присуствувал на состанок на кој Путин рекол дека ја разгледува можноста Белорусија, Украина и Балтичките земји да бидат дел од „голема Русија“. 

Вчера признал дека не бил присутен на состанокот и дека ја слушнал приказната од некој друг. Додал дека сметал дека се работи за геополитички важна работа и дека затоа јавно зборувал за тоа штитејќи го својот извор.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно