Хигиеничар претепал ученик во училиште во Битола

Хигиеничар претепал ученик во училиште во Битола


Во полициската станица во Битола вчера 14-годишник заедно со негов родител пријавил дека истиот ден околу 15 часот физички бил нападнат од хигиеничар во училиштето „Коле Канински" во Битола.

Додека чекал наставник, малолетникот случајно турнал лименка од прозорецот. Во тој момент хигиеничарот Ј.Т. почнал да му вика, барајќи да ја фрли лименката во ѓубрето. Откако не го послушал, хигиеничарот најпрвин го турнал по скалите, по што го удирал по лицето. Малолетникот добил повреди и отишол во Клиничката болница во Битола за укажување лекарска помош, а го известил и родителот за настанот. 

Подоцна, настанот бил пријавен и од директорот за училиштето.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно