Хазардерски живот се живее во Македонија

Хазардерски живот се живее во Македонија


Во македонските казина и обложувалници во последните пет години да се свртат 1, 4 милијарди евра.

Тоа е сумата што сите казина и обложувалници ја имале како приход.Оваа сума е многу повисока во однос на онаа што е пријавена како добивка. Сите казина и обложувалници во земјава за пет години имаат добивка од 56,5 милиони евра-машала.

Спортските обложувалници и казината ги има на секој чекор, во секоја населба, а многу често и во близина на училиштата, без разлика дали се основно и средно образование.Игрите на среќа  за луѓето е надеж како со малку пари да се стигне до брза заработувачка, понекогаш и да се обезбеди леб.И додека граѓаните чекаат дали ќе им се насмевне среќата, казината и обложувалниците, бројат милионски добивки.

Најголема добивка за последните пет години има Апекс. Заработиле 10,6 милиони евра, и имале 25,5 милиони евра. Компанијата е формирана во 2008 година.
Во последните пет години, најголеми приходи има обложувалницата Спорт лаиф..Секоја година е на врвот на листата..За пет години во оваа обложувалница се свртеле 328, 6 милиони евра. Но, има многу помала добивка, односно 7,6 милиони евра.

На листата потоа следува Златна копачка. За пет години имаат приходи од 226 милиони евра, а нивната добивка изнесува 3,6 милиони евра. 

Следуваат Принцес казината. Во последните пет години таму се свртела сума од 135,7 милиони евра, а пријавени се добивки од 6 милиони евра. При тоа во една година не работат со добивка.

Макотен, Мастербет и Ма Гаминг – сите ги поврзува „Новоматик Гаминг Индустриес“, што се јавува како краен сопственик.. 

Мастербет, за пет години имаат приходи од 49,6 милиони евра,  и добивка е 6,2 милиони евра, поради што се и трети на листата со најголеми добивки.

Приходите на Ма Гаминг,  за пет години изнесуваат 41,7 милиони евра, додека добивката е 5,4 милиони евра.

Бет-про Вил хил, имаше отворено стечајна постапка, која пред неколку дена е заклучена. Оваа обложувалница, изминатите пет години имала приходи од 74,7 милиони евра, а добивка од 624 илјади евра. Единствено во 2016 година, покажува минус во работењето. Истата година во декември е почната и предстечајната постапка. 

И казината Сенатор и Фламинго ги поврзуваат исти имиња во сопственичката структура. Од формирањето на Сенатор, приходите и добивките се во постојан пораст. Па така, од 2013 до 2016 година, компанијата има приходи од 45,6 милиони евра, додека добивката изнесува 1,5 милиони евра.  Фламинго, За пет години ова казино има приходи од 19,7 милиони евра, а добивка од 1,8 милиони евра.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно