Харикири туризам

Харикири туризам


Сплитската полиција приведе сопственик на угостителски објект кој денеска се заканувал дека ќе се разнесе со бомба. Се започнало околу 15 часот, кога маж се јавил во полициска станица и кажал дека кај себе има бомба.

„Добивме повик од машко лице кое кажа дека се наоѓа во празен угостителски објект на подрачјето на Фирула и дека ќе активира експлозивна направа“, изјавиле од сплитската полиција.

Полицијата веднаш пристигнала на познатата сплитска плажа Фирула и ги евакуирала посетителите. Потоа започнале да го разубедуваат угостителот да се откаже од намерата да ја активира бомбата.

На крајот, угостителот сепак и се предал на полицијата.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно