Харадинај сепак доби виза и отпатува во САД

Харадинај сепак доби виза и отпатува во САД


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, сепак доби американска виза и отпатува во САД.

Во рамки на посетата, тој остварил средба со екс-државниот секретар на САД, Медлин Олбрајд , пред која искажал голема благодарност во име на сите Косовци. Според телевизијата ,,Клан Косова“, Харадинај и заблагодарил на Олбрајд за нејзиниот придонес во времето кога Косово имало најголемапотреба од подршка. 

Истиот извор наведува дека Харадинај во САД остварува бројни средби со високи американски функционери. Косовските медиуми во врска со визата што Харадинај ја добил во последен момент, оценуваат дека тоа се случило по менувањето на неговиот став околу Специјалниот суд, за кој претходно сметаше дека треба да биде укинат. 

Последните изјави на Харадинај беа во насока дека сепак Специјалниот суд треба да функционира. Минатиот месец одекна веста дека на Харадинај му било одбиено барањето за виза во САД. Неговиот кабинет ја демантираше информацијата, уверувајќи дека премиерот не добил одговор по барањето, а не дека истото било одбиено.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно