Груевски по сите опомени, повторно доцнеше 15 минути на судење

Груевски по сите опомени, повторно доцнеше 15 минути на судење


Со задоцнување од 15 минути, екс премиерот Никола Груевски се појави на судското рочиште ТНТ, односно за рушењето на објектот Космос на Фијат Цановски.

Судијата Огнен Ставрев го опомена Груевски дека доцни, по што тој се извини. На денешното рочиште е предвидено да се слушаат бомбите предложени од СЈО како доказ. На почетокот на рочиштето, одбраната се обиде да го одложи денешното судење, бидејќи адвокатот Еленко Миланов побара изземање на Судскиот совет, бидејќи обвинителката Катица Јанева неодамна рекла дека имало и судии кои биле дел од бомбите и постапуваат по предмети на СЈО. 

Па, според Миланов прво требало да се испита дали и овие судии биле незаконски прислушувани, па дури потоа да се продолжи со судење. На судењето за Топлик кое се одржа минатата недела одбраната го даде истиот предлог, но претседателот на судот Иван Џолев ја одби, односно не беа изземени судиите.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно