Груевски негира дека од Виена дал налог за упад во Собранието

Груевски негира дека од Виена дал налог за упад во Собранието




По одложување на расправата за случајот „Титаник“ во Кривичен суд, поранешниот премиер Никола Груевски рече дека „интензивниот распоред на судења за случаите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) е одраз на силен притисок, за да се дефокусира јавноста од актуелните теми во државата како што е спорот за името.“ 

– Има тенденција, со ваквите работи да се дефокусира вниманието на јавноста од важните работи како што е името – изјави Груевски. Прашан дали, телефонски дал налог за настаните во Собранието на 27 април, Груевски негираше дека од Виена дал налог да почне упадот во Собранието. 

-Не не сум дал таков налог – одговори Груевски на новинарско прашање. Освен што негираше дека е вклучен во организација на немирите во Собранието, додаде дека доколку навистина било така, тој до сега немало да биде тука. Груевски порача дека, очигледно некој сака јавноста да се занимава со него, за да се одвлече вниманието од јавните прашања, а како доказ за тоа, наведе дека постои тенденција него да го вмешаат во се и сешто.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно