Грците пукаа по турски хеликоптер иако не го нарушил грчкиот простор

Грците пукаа по турски хеликоптер иако не го нарушил грчкиот простор


Oтворањето оган од грчката армија било „предупредувaчко“.

Извори од грчкото Министерство за одбрана за телевизијата Скај потврдија дека инцидентот се случил синоќа во 22.30 часот.

Според истите извори, не станува збор за „голем настан“, иако турскиот хеликоптер за време на ноќниот лет во близина на островите имал изгасени светла и претставувал ризик за несреќа.

„Реагиравме предупредувачки и случајот заврши“- - соопштија изворите од Кабинетот на грчкиот премиер за агенцијата АНА-МПА.

Грчките медиуми претходно јавија дека хеликоптер на турската Крајбрежна служба летал ниско над островот Ро, што се наоѓа во близина на брегот на Турција. Кога грчките граничари слушнале бучава од хеликоптерски мотор во непосредна близина од околу 100 до 200 метри, веднаш реагирале со истрели со цел турскиот хеликоптер  да се оддалечи. 

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно