Грците ќе линчуваа поранеше министер, не мислел како масата

Грците ќе линчуваа поранеше министер, не мислел како масата


Дел од демонстрантите кои учествуваа на неделниот митинг во Грција против употребата на називот „Македонија“ во решението за името, се обидоа да го нападнат грчкиот поранешен заменик-министер за образование, Костас Зурарис.

Неговите телохранители набрзина го одведоа во автомобилот додека демонстрантите трчаа зад него заканувајќи се дека ќе го линчуваат.

Зурарис важи за контроверзна личност и е член на партијата „Независни Грци“, а е жесток противник на употребата на називот „Македонија“ во новото име.

Тој беше обвинет дека е предавник на оваа позиција бидејќи беше министер во владата која се залага за ново име кое ќе го содржи терминот „Македонија“

Зуарис минатата недела поднесе оставка од функцијата поради негови навредливи коментари против фудбалски навивачи.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно