Грција и се закани на Албанија за влез во ЕУ

Грција и се закани на Албанија за влез во ЕУ


Грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос денеска се закани на Албанија за поддршката на Атина за членство на Албанија во ЕУ.

„Албанија треба да ја затвори устата околу прашањето за Чамите ако сака да биде членка на ЕУ“- изјави Павлопулос. 

Тиранскиот весник „Тема“ пишува дека претседателот на Грција оваа закана ја упатил многу отворено, со цел Тирана да го премолчи прашањето за Чамите, за кое шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати изјави дека веќе е отворено во преговорите со Грција.

Весникот нагласува дека во време кога се започнати преговорите помеѓу Атина и Тирана околу надминување на крупните прашања помеѓу двете земји, Павлопулос изјавува дека прашањето за Чамите не постои.

„Албанија не треба да го покренува таканаречено прашање од времето кога беше притутен фашизмот во Грција“- вели Павлопулос.

Владата во Тирана ја искритикува изјавата на грчкиот претседател нагласувајки дека прашањето за Чамите постои, додека медиумите во Тирана изјавата на Павлопулос ја оценија како „долевање бензин на огнот“ во време кога Тирана и Атина водат преговори за значајни прашања.

Албанскиот премиер,  Еди Рама порача дека Грција треба да ги прифати барањата на Албанија кога се во прашање Чамите (протерани Албанци од областа Чамарија) и дека треба да се подигне нивен споменик во Грција.

Гостувајќи во емисјата „Real Story“ на тиранската телевизија „Визион плус“,  Рама посочи дека барањето на официјална Тирана упатено до Атина да го признае правото на имотот на Чамите во Грција е основно човеково право, што го гарантираат и меѓународните конвенции.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно