Грчката црква смета Исус Христос бил Грк

Грчката црква смета Исус Христос бил Грк


Светиот синод на Грчката црква свикал вонредна седница за грчко-македонските разговори околу името.

Седницата ја свикал архиепископот Јеронимос и на неа ќе се разговара за неделниот протест во Солун против употребата на терминот „Македонија“ во предлозите за решавање на спорот, објави „Катимерини“.

Солунскиот владика Антимос го повикал Синодот да го преиспита ставот за разговорите по протестот во неделата, потенцирајќи дека Црквата не треба никогаш да се согласи со сложено име во кое ќе го има зборот Македонија.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно