Gracie...Отпоздрави Роналдо за овациите во Торино

Gracie...Отпоздрави Роналдо за овациите во Торино


Ремек-делото на Португалецот не остави никого рамнодушен, дури ниту фановите на Јувентус кој и покрај болката, покажаа огромна класа и веднаш му аплаудираа на Роналдо за магијата која ја изрежира во шеснаесетникот на противникот.

Кристијано Роналдо постигна гол за паметење и за фудбалска историја во Лигата на шампионите, бидејќи „ножичките“ кои ги изрежира во Торино сигурно уште долги години ќе се вртата во најавните шпици за најелитното фудбалско натпреварување, уште повеќе ако се знае дека таков гол му даде на Џанлуиџи Буфон.

Ремек-делото на Португалецот не остави никого рамнодушен, дури ниту фановите на Јувентус кој и покрај болката, покажаа огромна класа и веднаш му аплаудираа на Роналдо за магијата која ја изрежира во шеснаесетникот на противникот. Кристијано веднаш им возврати со срдечен гест на тифозите на Јуве за аплаузите кои ги доби, а по крајот на мечот им се обрати на истите со искрена порака.

– Ова беше неверојатен гол. Ова е најдобриот гол во мојата кариера, дефинитивно најубавиот. Овој гол сигурно ќе се памети. Веќе извесно време пробував да дадам ваков гол, а денеска се обидов и успеав. Многу сум среќен за мене и за тимот. Не очекував да постигнам ваков гол, особено не против тим како Јувентус. Јуве е голем тим и ова е незаборавна ноќ. Незаборавна и поради моментот со фановите на Јуве. Многу им благодарам, Грацие…. Огромна благодарност до сите фанатици на Јувентус, тоа што го направивте за мене беше неверојатно. Никогаш не сум доживеал вакво нешто во мојата кариера, тоа што го направивте е неверојатно и многу сум среќен, – порача пресреќниот Роналдо.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно