Грабар Китаровиќ за половните борбени авиони: И јас би купила нов ,,мерцедес", но ќе немам за храна...

Грабар Китаровиќ за половните борбени авиони: И јас би купила нов ,,мерцедес


Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ, по повод купувањето борбени авиони за хрватското воено воздухопловство, кажа дека ќе ја прифати опцијата за која експертите сметаат дека е најдобра.

Како што кажа, таа би сакала да може да се купат нови, а не половни авиони, но дека тоа во моментот не е возможно. „Ние во моментот имаме авиони од втората генерација, додека други имаат од четвртата генерација. Јас би сакала да можеме да купиме нови авиони, но не може да ги трошиме парите кои се потребни за образование... 

И јас би сакала да си купам нов „мерцедес“, но тогаш нема да имам за храна“, кажа Колинда Грабар Китаровиќ. Таа негираше дека таа и хрватската влада водат двојна надворешна политика, што дојде до израз неодамна во случајот со Русија. 

„Не водиме двојна надворешна политика, можеби се разликуваме во некои нијанси или елементи, но се согласуваме околу основните државни ставови. Мислам дека е добро тоа што имаме поделба на работата, дека нема поклопувања и што сме фокусирани на оние делови кои ни се важни“, кажа таа.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно