Голманот на Арсенал Илиев, игнориран од селекторот Ангеловски

Голманот на Арсенал Илиев, игнориран од селекторот Ангеловски


Зошто за репрезентацијата беше повикан Дејан Илиев? Младиот голман на Арсенал беше единствениот што не доби шанса.

Беше повикан само како турист и што виде Ангеловски од капацитетот и квалитетот на Илиев за идните репрезентативни обврски, кога на пријателски меч без поголемо значење не му даде барем 20-на минути? Кога веќе се комбинираше со составот со Азербејџан, нормално е да се очекува шанса да добие и вториот голман.

Илиев е еден од најперспективните македонски голмани, кој веќе пет години е дел од лондонски Арсенал и по двегодишните проблеми со повредите, се врати на терените и стандардно брани во развојната лига (до 23 години) на Островот во дресот на „топчиите“. Помалку е чудно, но Илиев никако да добие шанса за да ги покаже своите вистински вредности. Нејасно е зошто некој се изживува врз Илиев и каков придонес даде младиот голман за овие 10 дена поминати со репрезентацијата за која не одигра ни минута. Пред пет месеци, чаршијата гласно зборуваше за голема кавга во националниот тим во која биле вклучени Илиев и Илија Несторовски, па за тоа дали младиот голман ќе се врати во националниот тим не се знаеше до последен момент. И кога Ангеловски го викна на крајот, шанса против Финска и Азербејџан - не му даде.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно