Голем број Македонци ќе ги сокапуваат јајцата во Бугарија и Грција

Голем број Македонци ќе ги сокапуваат јајцата во Бугарија и Грција


Најголем бил интересот за тридневните пакети во хотели во Банско, Бугарија, каде се нудело сместување на база All inclusive по цени од 100 евра, па нагоре од лице.

Во понудите е вклучена и празнична Велигденска вечера, најчесто со жива музика. Имало голема побарувачка и за еднодневните пакети во Банско, кои се нуделе по цена од околу 50 евра за две лица, а во нив бил вклучен појадок, Велигденски ручек, вечера и ноќевање. Во Грција, агенциите нудат пакети за празникот по цени од 25 евра, па нагоре од лице, за сместување во апартмани. Хотелското сместување со појадок, ручек, вечера и Велигденска забава се движи од 40 евра, па нагоре. Се нудат аранжмани во Неи Пори, Олимпик Бич, Паралиа, Неа Каликратиа, Коринос, Геракини и други.

Голем е бројот и на граѓани кои традиционално секој Велигден го минуваат во Бугарија или Грција во сопствена режија. Доказ за тоа се долгите колони на граничните премини, па минатата година за влез во Грција и во Бугарија на граничните премини се чекаше и повеќе од два часа.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно