Го нарече Трамп будала, па не му дадоа виза за САД на Марадона

Го нарече Трамп будала, па не му дадоа виза за САД на Марадона


Диего Армандо Марадона тврди дека му била одбиена виза за влез во САД само затоа што Доналд Трамп го нарекол будала во едно гостување на телевизија.

Марадона моментално работи како тренер во Обединети Арапски Емирати, но требало да се појави на суд во Мајами, бидејќи ја тужи поранешната сопруга Клаудија Вилјафање, која ја обвини дека го ограбила. „Диего беше во процес на добивање на американска виза, кога гостуваше на венецуеланската телевизија ‘Телесур‘. Можете да замислите! 

Бев во амбасадата кога му реков на Диего, ‘Те молам, не зборувај ништо за САД‘. Бидејќи интервјуто одеше на ‘Телесур‘, знаев во која насока можат да отидат работите. Уште второто прашање беше ‘Што мислите за Доналд Трамп‘. 

Тој кажа дека Трамп е чиролита, што е сленг за будала. После ова, му реков дека јас ќе мора да го претставувам на суд во Мајами“, изјави неговиот адвокат Матијас Морија.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно