Гладијаторскиот оклоп продаден за 96.000 долари

Гладијаторскиот оклоп продаден за 96.000 долари


Оклопот кој актерот Расел Кроу го носеше во својата со Оскар наградена улога во филмот „Gladiator“, денеска е продаден на аукција за 125.000 австралиски долари (96.000 американски долари), што е далеку повеќе од очекуваното.

Аукциската куќа Сотби, пред аукцијата, процени дека оклопот од тој филм би можел да се продаде за сума меѓу 20.000 и 30.000 австралиски долари.

Кроу во Сиднеј организираше акција за својот 54 роденден, оценувајќи дека е време да се „расчистат работите“.

Тој аукцијата ја нарече „Уметност на разводот“, и таа е дел од договорот околу разводот со поранешната споруга Данијел Спенсер, од која се раздели во 2012 година после девет години брак.

Покрај споменатиот оклоп, аукцијата ја сочинуваа и Ролекс часовници, уметнички фотографии, мотоцикли и многу други работи.

На аукцијата покрај оклопот се понудени и други реквизити од култниот филм „Gladiator“, како и предмети од други филмови, гитари, врвна австралиска уметност и неговата неонацистичка чизма од „Romper Stomper“.

Поголемиот дел од реквизитите од неговиот филм кои беа продавани на аукцијата, ја надминаа очекуваната цена.

Претходно беше продадена и една виолина за сума од 135.000 австралиски долари.

Расположениот Кроу денеска наполни 54 години.

Се очекува на денешната аукција во Стоби да бидат собрани околу 2,3 милиони долари.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно