Ѓулен е виновен и за атентатот на рускиот амбасадор во Турција

Ѓулен е виновен и за атентатот на рускиот амбасадор во Турција


Турција нареди апсење на муслиманскиот свептеник Фетулах Ѓулен и уште седум други лица поради убиството на рускиот амбасадор во Турција во 2016 година, пишува весникот „Хабертурк“ .

Рускиот амбасадор Андреј Карлов го уби полицаец кој не бил должност додека амбасадорот зборувал на отворање на изложба во Анкара во декември 2016 година. Напаѓачот извикувал „Алаху Акбар“ и „Не заборавајте го Алепо“. Полицијата го уби атентаторот на самото место.

Турскиот претседател Тајип Ердоган тврди дека движењето на Ѓулен, кој живее во САД, е одговорно за убиството, но исто така ѓуленистите се обвинети за обидот за воен удар во јули 2016 година.

Ѓулен, кој живее во егзил во САД ги отфрлил обвинувањата.

„Хабертурк“ пишува дека властите наредиле апсење на осум лица бидејќи убиството било извршено по нивна наредба. Според „Хуриет“, властите до сега уапсиле седуммина, меѓу кои тројца полицајци во врска со убиството.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно