Ѓубреџии од пронајдени книги направија библиотека

Ѓубреџии од пронајдени книги направија библиотека


Ѓубреџии во турскиот главен град отворија јавна библиотека од книги пронајдени на отпад. Библиотеката, која се наоѓа во дистриктот Чанкаја во Анкара, е основана кога ѓубреџиите почнале да ги собираат фрлените книги.

Библиотеката се наоѓа во поранешна зграда на фабрика за тули во седиштето на одделот за комунална хигиена.

„Требаше да завршат на отпад, а ние им подаривме нов живот“, вели Емирали Утрекин, управник на библиотеката.

Првично, книгите биле наменети само за вработените и нивните семејства. Но, како што се зголемувале колекцијата и интересот на граѓаните, почнале да им донираат книги и библиотеката во септември минатата година беше отворена и за јавноста.

„Почнавме да дискутираме за идејата да создадеме библиотека од овие книги. Кога луѓето го поддржаа тоа, се случи и проектот“, вели градоначалникот на Чанкаја, Алпер Тасделен. Денес, библиотеката има над 6. 000 книги од разни жанрови, а има и детски оддел со стрипови, како и целосен сектор за научни истражувања. Во неа може да се најдат и книги на англиски и на француски јазик. Колекцијата толку се зголемила што денес од неа позајмуваат и училишта, образовни програми, па дури и затворите.

Во неодамна реновираната фабричка зграда се наоѓаат библиотеката, кафетеријата и берберницата, па стана омилено место за одмор на работниците од комуналното претпријатие. За време на паузата овде може да читаат, да се напијат чај или да играат шах. Сите книги се изнајмуваат бесплатно, најдолго на две недели, а особено е позната меѓу велосипедистите што возат во близина и прават пауза за краток одмор и шолја чај.

Книгите што се позајмуваат треба да се вратат во рок од две недели, но тој рок може да се продолжи ако е потребно.

Се планира и подвижна библиотека, со која секои 15 дена ќе ги посетуваат училиштата. Досега им се јавиле голем број деца чии училишта немаат бибилиотека или изборот на книги е мал.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно