Ѓорчев тврди двајца да кивнат ќе падне владата(Видео)

Ѓорчев тврди двајца да кивнат ќе падне владата(Видео)


Дали ќе одговараат функционерите на ДУИ, праша пратеникот Влатко Ѓорчев по обвинувањата на министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, за криминално владеење на претходната власт.

Обвинувавте дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ била криминална. Па добро, ќе одговара ли некој од ДУИ? Не. Се удрила полицајката во „пајакот“. Нема да одговара никој од ДУИ. Двајца да кивнат ќе ви падне владата, реплицираше Ѓорчев.

Претходно Шеќеринска посочи дека единствено се согласува со опозицијата дека дел од граѓаните се разочарани, но според неа од други причини.

Луѓето се разочарани зашто десетмина од потпишаните на барањето за доверба на Владата треба да лежат сто години робија. Нема правда зашто се трудите уште со врски да го држите судството да ги спаси тие што денеска не се тука, рече Шекеринска.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно