Ѓоковиќ во 1/8 финале во Рим

Ѓоковиќ во 1/8 финале во Рим


18-от рекет во светот Новак Ѓоковиќ се пласираше во 1/8 финалето од Мастерсот во Рима откако денес го порази Грузиецот Николас Басиашвили со 2:0 во сетови.

Новак пред два дена одигра одлично против Украинецот Александар Долгополов на кого му препушти само четири гејма, а денес се очекуваше нов добар настап. Ѓоковиќ не беше на тоа ниво, но сепак на крајот стигна до победата.

Поранешниот прв тенисер во светот се мачеше во првиот сет и се соочи со неколку брејк прилики на противникот. Имаше и Новак неколку брејк шанси во средината од првиот дел на играта, но до брејк стигна дури во десетиот гејм кога го доби првиот сет со 6:4.

Во вториот сет Србинот заигра многу подобро и направи два брејка кои му беа доволни за сетот да го добие со 6:2. Мечот траеше вкупно еден час и 18 минути игра.

Ѓоковиќ во 1/8 финалето ќе игра против Шпанецот Алберто Рамос-Винолас кој претходно го елиминираше Џон Иснер со 2:1 во сетови.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно