Ѓоковиќ со завој на раката, неизвесно враќањето на теренот

Ѓоковиќ со завој на раката, неизвесно враќањето на теренот


Ѓоковиќ неодамна настапи на Австралија опен, каде по поразот од Хијон Чунг кажа дека чувствувал болки во лактот и не можел да игра со полн капацитет.

Најдобриот српски тенисер и поранешен прв светски рекет Новак Ѓоковиќ објави фотографија на која се гледа дека неговата десна рака е во завој.

Ѓоковиќ неодамна настапи на Австралија опен, каде по поразот од Хијон Чунг кажа дека чувствувал болки во лактот и не можел да игра со полн капацитет.

Дел од светските медиуми објавија дека Србинот ќе оди на прегледи во Прага, а тој преку социјалните мрежи објави дека се наоѓа во Швајцарија.

Се шпекулира дека во прашање е доведено дури и продолжението на кариерата на Ѓоковиќ кој изминатиот период избегнуваше оперативен зафат за санирање на повредата.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно