Гинисова баклава направена во Турција (Видео)

Гинисова баклава направена во Турција (Видео)


Интересно, вкусно, гигантско. Група турски готвачи ја направија најголемата баклава во светот, тешка повеќе од 500 килограми.

Баклавата им била послужена на гостите во огромна тепсија на Самитот за гастрономија во Анкара.

Мехмет Канбур, кој ја предводел групата од 14 готвачи од цела Турција, рекол дека баклавата е тешка 518 килограми, што е двојно повеќе во споредба со претходниот светски рекорд. Слаткарите на овој „проект“ работеле три месеца. Баклавата била печена во една тепсија широка 2,5 метри и долга 7,5 метри, во посебно изградена печка. Рекордот ќе биде впишан во Гинисовата книга на рекорди.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно