Германскиот суд одреди кауција за Пучдемон, засега тој нема да биде екстрадиран во Шпанија

Германскиот суд одреди кауција за Пучдемон, засега тој нема да биде екстрадиран во Шпанија


Германскиот суд пресуди дека поранешниот каталонски лидер, Карлес Пучдемон, може да биде пуштен од затвор со кауција.

Државниот суд во Шлезвиг денеска објави дека одредува кауција во износ од 75.000 евра за 55-годишниот поранешен претседател на шпанската провинција Каталонија. 

Судот денес објави дека Пучдемон не може да биде екстрадиран по главното обвинение за кое го товари Мадрид, а тоа е побуна. Имено, според образложението на судот, германското судство под такво обвинение, кое го третира како предавство, подразбира насилство. Пучдемон од шпанскиот суд е обвинет и за злоупотреба на јавни средства, па германскиот суд објави дека ќе ја разгледа можноста за негова екстрадиција по оваа основа. 

Пучдемон беше уапсен во Германија поради шпанската потерница кога се обиде на 25 март да транзитира од Финска во Белгија, каде што во моментот живее.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно