Германски милијардер исчезна на Алпите

Германски милијардер исчезна на Алпите


Властите во Швајцарија и Италија трагаат по германскиот милијардер Карл Ериван Хауб кој се води за исчезнат на Алпите од саботата.

Хуб, наследник на империјата за малопродажба Тенгелман, не се вратил од скијачката екскурзија во саботата во близина на познатиот швајцарски врв Матерхорн на границата со Италија. Портпаролката на неговата компанија изјави дека се уште нема вести за 58-годишниот Хауб. Тој е роден во Такоми во Вашингтон, а заедно со неговиот брат Кристијан ја водат компанијата од 2000. година. Компанијата најмногу стопанственисува со продажба на куќи и продавници. 

Тенгелман има и најголем удел во ланецот за супермаркети Нето, но и во Заландо – сајт за онлајн продажба.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно