Газдата на ПСЖ лично го контактирал Конте: Дојди кај нас, да освојуваме титули

Газдата на ПСЖ лично го контактирал Конте: Дојди кај нас, да освојуваме титули


Пари Сен Жермен отпочна преговори со застапниците на Антонио Конте околу можно доаѓање на италијанскиот стратег во Париз летово.

Односите со Роман Абрамович, поточно со неговиот прв човек во клубот, Марин Грановскаја, одамна ги минаа границите на дозволеното и нема назад, па јасно е дека Конте летово го напушта Лондон. 

Поради тоа сега лично му се јави Насер Ал-Келаифи. Точно, првиот човек на светците имаше уште неколку имиња во главата, но тешко дека ќе може да дојде до Жозе Мурињо, Диего Симеоне, па и Масимилијано Алегри. Сите тие имаа цврсти и богати договори. Првиот впечаток од контактите со Конте е прилично ветувачки. 

Се знае од порано дека Конте се споменува како селектор на Италија, но тој би сакал да остане во клупскиот фудбал. ПСЖ би можел лесно да го убеди во таквиот став со благо зголемување во однос на она што го заработува во Челси. Останува да видиме во кој правец ќе се одвиваат преговорите.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно