Газдата на Олимпијакос,бесен ги казни фудбалерите 400.000 евра

Газдата на Олимпијакос,бесен ги казни фудбалерите 400.000 евра


Цела екипа ја казнил со 400.000 евра и го распуштил тимот на одмор.

Газдата на Олимпијакос, Евангелос Маринакис, покажа колку многу бес има во него, предизвикан од лошата форма на неговите фудбалери. Откако одиграа само 1-1 на гости кај Левадијакос, им изрече драконски казни. На четири кола до крајот на првенството, Олимпијакос има четири бода заостанување зад првопласираниот АЕК и еден помалку од вториот ПАОК и згора на тоа, еден натпревар повеќе. Маринакис не бил ќефлија ни во минатото коло, кога одиграле реми со градскиот ривал Панатинаикос, а сега овие 1-1 со Левадијакос, кој треба да е лесен залак – ја прелило чашата.

Затоа цела екипа ја казнил со 400.000 евра и го распуштил тимот на одмор. Неофицијалните информации од Атина велат дека разгневен се симнал во соблекувалната и почнал да урла по играчите.

„Доста ве трпевме и јас и навивачите. Денеска си заминувате од клубот и одете на одмор, а притоа цела екипа ќе плати казна од 400.000 евра. Пола од тој износ е за само бод со Панатинаикос, а другата половина е за идентичниот неуспех кај Левадијакос. Размислете само за убавите куќи и автомобили, изгледа не ви е гајле за тоа. Ви давам милиони, а вие вака ми враќате. Поради вас отпуштив три тренери, ама изгледа во вас бил проблемот“, викал сопственикот. Тој е познат по својот незгоден карактер и има реноме за незгоден газда, па затоа ќе биде интересно какво ќе биде стопанисувањето со англискиот Нотингем Форест, кој го купи минатата година. Што се однесува до Олимпијакос, во екипата ќе останеле само неколку фудбалери, а во периодов шанса ќе добиеле млади играчи. Нема ни збор дека на лето ќе следува голема чистка.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно