Фудбалскиот карате судија, суспендиран

Фудбалскиот карате судија, суспендиран


Две недели по несекојдневниот инцидент, француската дисциплинска комисија донесе конечна пресуда околу случајот на Шапрон, која вели дека судијата е отстранет и казнет во наредните шест месеци.

Тони Шапрон стана топ тема во француската спортска јавност по крајот на натпреварот меѓу Нант и ПСЖ, од едноставна причина што предизвика инцидент каков што се немаше видено во европската фудбалска елита.

Искусниот француски судија ги загуби нервите и мислејќи дека добил удар од дефанзивецот на Нант, го шутна со карате потег, а сето ова предизвика бура од реакции во Франција кои придонесоа Шапрон да биде приверемно отстранет од судиската федерација.

Две недели по несекојдневниот инцидент, француската дисциплинска комисија донесе конечна пресуда околу случајот на Шапрон, која вели дека судијата е отстранет и казнет во наредните шест месеци. Дефанзивецот Диего Карлос го прифати извинувањето на Шапрон и го спаси судијата и од дополнителна парична казна, но со оглед на најавите кои ги имаше на почетокот на оваа сезона дека ќе се пензионира во 2018 година, ова ќе значи неславно завршување на кариерата во која повеќе од 400 пати ја делеше правдата во француската Лига 1.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно