Фудбалска лекција по румба и самба во Москва

Фудбалска лекција по румба и самба во Москва


Бразил во пријателски меч во Москва ја надигра Русија и славеше со 3:0.

Бразилците со половина сили го победија домаќинот на престојното Светско првенство на „Лужњики“ во Москва.

Русите добро се држеа во првите 45 минути, но во продолжението Бразил со три гола ја оправда фаворитската улога и дојде до сигурна победа.

Миранда во 53. минута ги доведе гостите во водство, а потоа Кутињо во 62. минута зголеми на 2:0 од белата точка, за Паулињо четири минути подоцна да ги постави конечните 3:0.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно