Фудбалот некогаш беше спорт.

Фудбалот некогаш беше спорт.


Премиерлигата руши рекорди околу продажбата на телевизиските права, па „Би-Би-Си“ објави дека пет пакети од седумте што се понудени веќе се продадени за следните три години од 2019 до 2021 година за – 4,4 милијарди фунти.

Повеќе од извесно е дека рекордот од 5,14 милијарди фунти кои Премиерлигата ги доби за ТВ-правата за овој циклус од 2015 до 2019 година ќе биде надминат, затоа што на пазарот биле понудени седум пакети за преноси во живо, од кои досега се продадени пет. Четири од нив купи „Скај Спорт“ за 128 преноси, а еден пакет купи „БТ Спорт“ од 32 преноси. Ова покажува дека клубовите оставиле тестамент за врвно натпреварување“, рекол Ричард Стадмаер, извршниот шеф на Премиерлигата. Откако Премиерлигата воведе и вечерни мечеви од 20.45 часот по македонско време, сега „Скај Спорт“ ќе има право на прв избор за мечевите од викендот, како и за саботниот ноќен термин. „БТ Спорт“, кој платил 300 милиони фунти за 32 меча во пакетот ќе има право на мечевите в сабота од 13.30 часот.

Пресметано по меч, „Скај Спорт“ ќе плати по 9,3 милиони фунти за меч, додека „БТ Спорт“ по 9,22 милиони фунти од меч. Интересно во оваа сума на приходи од ТВ-права се пресметани само правата за Велика Британија, но не и за во странство.

Инаку, останати се два пакети од по 20 меча, плус уште еден од 20 натпревари кои ќе се играат исклучиво во текот на неделата.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно