Фудбалерите на Берн не го сакаат Тухел за тренер

Фудбалерите на Берн не го сакаат Тухел за тренер


Фудбалерите на германскиот гигант Баерн Минхен не го сакале поранешниот тренер на Борусија Дортмунд, Томас Тухел за наследник на Јуп Хајнкес по крајот на сезоната, тврди „Билд“.

Според најтиражниот весник во Европа, меѓу најнесреќните бил централниот дефанзивец Матс Хумелс, за кого се појавија шпекулации дека размислува шокантно враќање во Борусија Дортмунд, ако неговиот поранешен тренер Тухел премине кај баварците.

Асот на Минхен не одобрувал некои од методите на работа што Тухел ги применувал, бидејќи еден од нив бил начин на јадење.

Според германските букмејкери, фаворит бр.1 за наследник на Хајнкес во моментов е тренерот на РБ Лајпциг, Ралф Хазенхутел.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно