Фрањо е политички срањо

Фрањо е политички срањо


Хрватски Net.hr објави експлицитни фотографии на пратеникот и истакнат член на партијата „ХДЗ“, Фрањо Лучиќ кој што ѝ ги испраќал на својата љубовница, а овој секс скандал веќе со денови ја тресе Хрватска.

Лучиќ е во повеќегодишен брак и е татко на четири деца. Хрватските медиуми пишуваат дека тој бил познат по тоа што бил конзервативен католик, а на тамошната јавност ѝ станал познат откако на својата сопруга ѝ ги префрлил бизнисите откако против него била покрената судска постапка.

Покрај тоа што е оженет и станува збор за еден од најистакнатите членови на „ХДЗ“, проблем е и местото каде што се има фотографирано. Станува збор за луксузен хотел кој што според уредувањето им бил добро познат на хрватските медиуми кои што тврдат дека бил раскошен и украсен со скапоцени материјали со дизајнерскиот потпис на „Версаче“.

После секс скандалот кој што ја потресе Хрватска, се огласи и самиот Лучиќ кој што тврди дека фотографиите за кои што Net.hr тврди деека биле направени во ноември 2017-та година „не ѝ одговарале на вистината“ и дека некој се обидува да го намести.

„Ова е нешто крајно... не знам што да кажам освен дека ова е целосна катастрофа. Некој има направено монтажа затоа што јас немам никаква врска со тоа. Не знам од каде е тоа и кој сака да ми направи штета. Навистина не разбирам, ова нема врска со вистината. Станува збор за крволочна хајка против мене. Тоа е страшно што го прават“, изјави Лучиќ за „Јутарњи“ и порача дека нема љубовница.

„Секако дека немам љубовница. Живеам нормален семеен живот. Немам врска што е ова. Што треба мене во животот уште да ми се случи. Ова е страшно, ова е страшно, ова е страшно“, порача Лучиќ.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно