Фотографија на денот: Диносауруси на аукција

Фотографија на денот: Диносауруси на аукција


Речиси целосните скелети на два вида диносауруси: алосаурус и диплодокус беа ставени на јавно наддавање во француската аукциска куќа Друот во Париз. Цената која ја постигнаа ги изненади и воодушеви и самите продавачи.

Друот ги опиша како „извонредни“ цените постигнати за двата скелета. Имено тие беа продадени за повеќе од 1,4 милиони евра, секој посебно. Аукциската куќа не го соопшти идентитетот на купувачот но истакна дека станува збор за наддавач од странство. На оваа #ФотографијаНаДенот на Дојче веле во преден план е скелетот на „помалиот“ алосаурус, додека зад него е оној на диплодокусот. 

Пазарот на фосили во светот доживува вистински бум и повеќе не е само „резервиран“ за научниците.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно