ФОТО: Прво патување на најголемиот крузер на светот

ФОТО: Прво патување на најголемиот крузер на светот


Крузерот, чија изградба чинеше околку една милијарда евра, е долг 362 метри, а широк 66 метри. Тој има екипаж од околу 2.200 лица и може да прими речиси 6.000 патници.

Најголемиот крузер на светот „Симфонија на морињата“ денеска исполови од француското пристаниште Сен Назер на неговото прво патување, упатувајќи се кон шпанскиот град Малага. Крузерот, чија изградба чинеше околку една милијарда евра, е долг 362 метри, а широк 66 метри. 

Тој има екипаж од околу 2.200 лица и може да прими речиси 6.000 патници. Превидено е во текот на летово „Симфонија на морињата“ да плови на тури низ Средозменото Море, а на есен да се упати кон градот Мајами во американската сојуна држава Флорида, каде ќе биде неговата база.

Крузерот преставува вистински мал град со вкупна површина од над 66.000 метри квадратни. Покрај кабини за патниците, крузерот располага со повеќе ресторани и места за забава, а има и сопствен парк со околу 12.000 различни видови растенија.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно