(ФОТО) Фудбалот поважен од интерпелацијата: Пратеници будно го следеа Реал Мадрид - Јувентус

(ФОТО) Фудбалот поважен од интерпелацијата: Пратеници будно го следеа Реал Мадрид - Јувентус


Дел од пратениците за време на вчерашната собраниска седница поинтересно им беше да го гледаат фудбалскиот натпревар меѓу Јувентус и Реал Мадрид отколку да дискутираат за интерпелацијата на Владата.

 На вчерашната собраниска седница на дневен ред беше точката за гласање на недоверба на Владата. Пратеникот од ДУИ, Артан Груби на својот фејсбук профил сподели фотографија на која во текот на седницата тој гледа фудбал. 

- Кога судијата ќе досуди пенал во 93 минута при целосен пресврт на гости - напиша Груби под фотографијата.

На друга фотографија пак споделена на социјалните мрежи се гледа како пратеникот на ЦЕР, Самка Ибраимовски како на својот лаптоп внимателно ја следи утакмицата. Вкупно 40 пратеници гласаа вчеравечер за недоверба на Владата на СДСМ и на ДУИ. Интерпелацијата што ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ очекувано не успеа, бидејќи за да падне Владата се потребни минимум 61 глас. 

Затоа, пак, парламентарното мнозинство обезбеди 62 гласа за поддршка на Владата, додека двајца пратеници останаа воздржани.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно