Фондот ќе ги покрие трошоците за Валерија, се чека конзилијарно мислење

Фондот ќе ги покрие трошоците за Валерија, се чека конзилијарно мислење


Фондот за здравство во однос на апелот за донација за лекување во странство на девојчето Валерија Зафировска, стапи во контакт со родителот и утврди дека осигуреното лице не располага со конзилијарно мислење од соодветна македонска здравствена устан

Иако, немаме добиено барање за лекување во странство на малата Валерија, Фондот за здравствено осигурување веќе закажа состанок со стручните лица од ЈЗУ УК за неврохирургија и со ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести кои ќе го дадат својот наод и стручно мислење. Фондот максимално брзо ќе одговори и ќе излезе во пресрет на барањето за лекување во странство за осигуреното лице доколку конзилијарно мислење е потврдено од соодветната клиника и во согласност со законските прописи – се наведува во соопштението од ФЗОМ.

Инфоцентар дознава дека за само два дена од почетокот на акцијата се собрани повеќе од 40.000 евра за операцијата на Валерија.Редакцијата и посакува многу среќа и здравје на Валерија Зафировска

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно