Финскиот претседател од Хрватска со економска авио класа

Финскиот претседател од Хрватска со економска авио класа


Претседателот на Финска, Саули Нинист, ја воодушеви дури и скандинавската јавност откако по дводневна посета на Хрватска не му пречело да патува со low-budget авио-компанија.

Тој по средбите во Загреб и Сплит со хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ и премиерот Андреј Пленковиќ се врати дома во економска класа.

Инаку за лет од Сплит до Хелсинки нема бизнис класа, Нинист со економска класа на авио-компанија Norwegian и замина за Осло, од каде што тој се префрли на летот за Хелсинки.

Веста за финските медиуми е потврдена од страна на шефот на комуникациите поврзани со работата и ингеренциите на финскиот претседател - Катри Маконен. Цената на летот Сплит - Хелсинки е 61 евра.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно